Enter your keyword

ЗА НАС

ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И СОВЕТУВАЊЕ

ПРОФИЛ И ИСТОРИЈА

ЗА НАС

Центарот за едукација и советување успешно работи од февруари 2013 година. Истата година станува и овластен застапник за програмата НТЦ систем на учење - Стимулација за развој на севкупните способности кај децата.

НАШАТА МИСИЈА И ВИЗИЈА

Индивидуализација и диференцијација во воспитно-образовниот процес, што резултира со поттикнување на индивидуалните можности и способности на секое дете, и тоа во поглед на перцепцијата (визуелна, акустична), а посебно на апстрактните симболи, воочливи детали, форми, боја, вербално изразување (раскажување, прераскажување, опишување, разбирање на поимите - зборови и реченици, асоцијативно поврзување на сликите со зборови), развој на способностите за класификација, внимание и концентрација, помнење, интерес, мотивација.

bg-icon-box-2
НАШИТЕ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Негување и стимулација на интелектуалните способности кај децата, развој на моторните способности и физичката подготвеност, одржување на вниманието, стекнување на функционалното знаење, помнење, развој на самодоверба, интерес, мотивација, кооперација...

НАШАТА СТРАТЕГИЈА

Во секојдневната работа со децата да се воведат елементи, односно систем на вежби што докажано го стимулираат развојот на интелектуалните способности, вниманието и набљудувањето на детето, координацијата на движењата и моториката, дивергентното мислење (оригиналност, флексибилност, флуентност, чувствителност на промени и сл.), како и стекнување функционално знаење и поттикнување на надареноста.

СЕМИНАРИ

Организираме семинари за воспитувачи, наставници, професори, стручни работници и соработници, родители...

РАБОТИЛНИЦИ

Групни и индивидуални работилници по програмата НТЦ систем на учење за деца од 4 до 6 годишна возраст.

ДЕФЕКТОЛОШКИ ТРЕТМАН

Едукативно-рехабилитативна индивидуална работа со деца со пречки во развојот.

НАШИОТ ТИМ

ЗАПОЗНАЈ ГО НАШИОТ ТИМ