Enter your keyword

НАШИОТ ТИМ

РАНКО РАЈОВИЌ

АВТОР НА ПРОГРАМАТА НТЦ СИСТЕМ НА УЧЕЊЕ

Д-р Ранко Рајовиќ е лекар-специјалист за интерна медицина, основач е на МЕНСА Југославија (денешна Србија), член е на четиричлениот комитет на светската МЕНСА за надарени деца, роден е во Белград во 1964 година. Медицинскиот факултет (1990 год.) и специјализацијата за интерна медицина ја завршил во Нови Сад. Се занимавал со научноистражувачка работа од областа на невроимунологијата и објавил неколку труда што ги работел на Институтот за имунобиологија во ТОРЛАК Белград за влијанието на РЕМ-фазата во спиењето врз имунитетот. Член е на МЕНСА од 1988 година, по првото тестирање одржано во Југославија. Во средината на 1995 година бил иницијатор за повторно основање на МЕНСА и е избран за прв претседател на обновената МЕНСА (1998 година). По неговата иницијатива и помош се формирани и МЕНСА во Македонија, Словенија, БиХ, а помогнал и околу првото тестирање во Русија и Украина. Идеен организатор е на неколку значајни активности на МЕНСА Србија – летна школа за децата од дијаспората, креативни работилници, го формирал одделот за надарени НТЦ (Nikola Tesla Center), кој има околу 40 члена на МЕНСА што студираат на најпрестижните универзитети на светот (Оксфорд, Кембриџ, Харвард, Колумбија, Јејл, Стенфорд, Ломоносов….). Неговите активности во светската МЕНСА се високо вреднувани. Искуствата од неврофизиологија и работата во комитетот за надарени деца придонесоа за составување единствена програма за развој на интелектуалните способности на децата ,,НТЦ-систем на учење“, исто така е координатор на стручниот тим, кој вклучува еминентни стручни лица од неколку области (педагогија, неврофизиологија, генетика, педијатрија, психологија, дефектологија). На конгресот на светската МЕНСА во Италија (септември 2008 год.), програмата е прогласена за еден од приоритетите во планот за работата за наредната декада. Оженет, татко на четири деца. Живее и работи во Нови Сад, Србија.

НАШИОТ ТИМ

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО НАШИОТ ТИМ