Enter your keyword

post

Значење на развој на графомоториката

Значење на развој на графомоториката

 Кога станува збор за моторни вештини треба да се направи разлика помеѓу фина и крупна моторика. Крупната моторика подразбира способност за вршење на движења со рацете, нозете  и телото со одредена контрола. Активности кои го поттикнуваат развојот на вештини кај крупната моторика кај децата се различни видови на игри на отворено, игри со топка, скокање, танцување, пливање или трчање. Од друга страна, вештини кај фина моторика се способност да се направат прецизни мали движења со рака и со добра координација на око – прсти. Фината моторика се развива со растот – од првичните несмасни обиди на детето самостојно да ја користи лажицата, движењата на рацете, односно дланките со времето станат прецизни, до тој степен што детето може да го земе пенкалото и да го контролира тоа. За успешно совладување на процесот на пишување, неопходно е прво да се развие фината моторика на мускулите на раката и прстите. Значи, фина моторика е од суштинско значење за пишување и е доволна причина овие вештини да се развиваат и дома, долго пред тие да тргнат на училиште. Развој на графомоторички вештини започнува на возраст од 18 месеци и продолжува додека детето не тргне на училиште. Графомоториката е важна за развојот на дополнителни синапси во мозокот, а со тоа и да се развие потенцијалот на детето. За развој на графомоториката на рана возраст постојат различни дневни активности како што се фаќањето, држање и пуштање на играчки, држање лажица и самостојно хранење, фаќање на мали предмети како што е  пинцетното фаќање и соблекување и облекување на облека и обувки. Меѓутоа, ние дополнително можеме да го поттикнеме развојот на графомоторната вештина на рана возраст преку адекватна стимулација со играчки или игри. Најдобрите вежби за развој на флексибилност на рацете и прстите се: држање на коцки и преместување од рака на рака, извлекување играчки на јадица, вметнување на плочка во празна кутија, листање на сликовница, провлекување на врвки за чевли во чевли,  ставање на кибритчиња во кутија, подигање на мали предмети или искинати парчиња од хартија, отворање на капакот од кутија, боење, сечкање, лепење, облекување мали кукли … Овие активности треба да бидат дел од секојдневната игра на малото дете бидејќи тие придонесуваат за зајакнување на мускулите на раката, нејзините вештини, развивање на рака-око координација, развој на перцепција и концентрација.

Некои коирисни игри се дадени подолу:
1. Закопчување и откопчување на копчиња и патенти, врзување врвки на чевли, врзување јазли на јаже со различна дебелина.
2. Мешање тесто, пластелин и глина, правење различни фигури. Децата можат со пластелин да направат одредени знамиња, автомобили итн.
3. Боцкалки. На детето му се дава можност со помош на боцкалките да направи едноставно знаме.
4.  Виткање на хартија (процесот на правење авиони, шатори, капа) и сечење хартија со ножици со заоблени врвови. Кога ќе се направат  авионите на нив се цртаат знамиња, се организира натпреварувачка игра во која децата се натпреваруваат чиј авион ќе одлета најдалеку итн.
5.  Редење коцки и сложувалки.
6. На молив или стапче да се намота врвка со должина од 60см со што на крајот е закачен лесен предмет, на пр. риба направена од хартија. Потоа се организира натпреварувачка игра со што децата се натпреваруваат кој прв ќе го спушти рипчето во “вода”, а потоа ја спасуваат рибата, така да брзо ќе ја одмотуваат и намотуваат врвката на чиј крај е рибата. Во играта треба да се ангажирани прстите на двете раце.
7. Џамлии!

Текстот е превземен од книгата “IQ deteta-briga roditelja” од Ранко Рајовиќ

Нема Коментари

Add your review

Your email address will not be published.